Откако стапија во сила измените на Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата во декември поради истечена регистрација во тетовскиот регион полицијата има одземено 22 возила, бележи СВР Тетово.
-Возилата се одземаат поради истечена регистрација повеќе од шест месеци. На подрачјето на Тетово времено биле одземени вкупно 22 возила, како и едно возило поради бучавост. Возилата ќе бидат задржани 90 дена, додека на нивните сопственици ќе им бидат изготвени поднесоци, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Од вчера во 20 часот до 2 часот ноќеска по полноќ, при акциска контрола за возење под дејство на алкохол од сообраќај биле исклучени пет возачи, привремено им се одземени возачките дозволи и изготвени им се соодветни поднесоци. При контролата, изречени се казни и за 18 други видови прекршоци.