Карлос Сорија е 81-годишен Шпанец, обожавател на планинарењето. Вели дека кога ќе излезе од дома за да тренира по планините околу Мадрид, носејќи заштитна маска, тоа го потсетува на времето минато на Хималаите…
– Најмногу сум горд што никогаш немав поголеми проблеми со смрзнатини и никогаш никој не ме спасувал. Отсекогаш сум успевал да се искачам на врвот и да се симнам сам, вели Карлос.
Роден е во Авила, североисточно од Мадрид и целиот свој живот го минал во искачување планини. Последниве две децении тој поставува рекорди што со право чинат да се смета за навистина единствен во светот. Имено, Шпанецот се искачи на 11 од 14-те највисоки врвови на светот по својот 60. роденден. За кратко беше најстарата личност што се искачила на Монт Еверест, на 62-годишна возраст, а до 70 години возраст ги имаше искачено највисоките врвови на сите седум континенти.
Тој сега носи маска поради пандемијата на коронавирусот, но очекува оваа пролет планира да се искачи на планината Даулагири во Непал и на Шишапангма во Тибет, наесен – повторно, на Хималаите.
Се надевал дека минатата година ќе ги достигне сите 14 врвови, но неговите планови биле спречени од пандемијата. Кога ќе се искачи на двата наредни планирани врва, тој, вели, ќе им оддаде почит на жртвите на коронавирусот.
Карлос дотогаш се подготвува и одржува форма на планинскиот венец Сиера де Гвадарама недалеку од Мадрид, а дома има и вежбалница со тегови, статичен велосипед, ѕид за искачување и друго. Иако лани имал и операција на коленото, тврди дека нема поголеми физички проблеми.
– Ја изгубив малку стабилноста во нозете, силата и, малку менталната острина. Но, кога бев на Хималаите, никогаш не се почувствував како старец што сака да види дали може да успее. Постарите имаат замисла дека „играта“ е повеќе околу нив. Има и такви кои велат „добро, јас веќе имам 70 години, но не е важно“. Тоа се убави години!, заклучува тој.