Нема докази дека вакцината на АстраЗенека против Ковид-19 не спречува смрт или сериозни болести, а Јужна Африка само времено ја прекина употребата на вакцината, соопшти денеска британското Министерство за здравство.

Јужна Африка ќе ја прекине употребата на вакцината на компанијата АстраЗенека во својата програма за вакцинација, откако податоците покажале дека овозможува минимална заштита од „блага до умерена“ инфекција, предизвикана од новиот вид на коронавирус во земјата.

– Нема докази дека оваа вакцина не е ефикасна во спречување на хоспитализации и тешки болести и смрт, што е денес всушност е целта на овие вакцини, истакна Едвард Аргар од Министерството за здравство.

Според него, новите видови на коронавирус во Британија не се како оние во Јужна Африка, туку тоа е првата варијанта на вирусот, а потоа видот Кент, против кој оваа вакцина е многу ефикасна.

Меѓу видовите на коронавирус, кои моментно најмногу ги загрижуваат научниците и експертите за јавно здравје, се таканаречените британски, јужноафрикански и бразилски видови, кои изгледаат позаразни од останатите.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/02/2021 15:17