Кинеската Влада за да се спречи повторно ширење на Ковид-19 препорача да се избегнуваат „неважните патувања“ и воведе нови правила за патување.

Кинеската национална здравствена комисија за да ги обесхрабри луѓето да патуваат воведе дека граѓаните кои ќе ги посетат руралните подрачја мора да имаат негативен тест на Ковид-19 не постар од седум дена, а по враќањето треба да поминат 14 дена во куќен карантин.

Дел од локалните власти воведоа уште построги правила и наместо домашен карантин по враќањето ќе треба да поминат две седмица во владин карантин.

Препораката на Владата е со цел да се спречи стотици милиони луѓе да се упатат кон своите домови за заедно со семејствата да ја прославата Кинеската нова година.

Лунарна нова година, позната и како Пролетен фестивал е најважен празник во кинескиот календар, а прославата трае 15 дена.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/02/2021 15:29