Хонгконгшкиот радио водител Ван Јиу-синг, познат како Ди Џеј Гигс денеска е обвинет за бунт врз основа на законот од британската колонијална ера.

Против 52-годишниот Ван подигнато е обвиненија со четири точки поврзани за „намера за бунт“.

Во обвинението се наведуваат четири радио емисии што Ван ги водеше минатата година. Тој е обвинет дека во своите радио емисии се обидел да поттикне омраза, презир или незадоволство кон Владата на Кина и на Хонг Конг и оти ги поттикнувал граѓаните да го кршат законот. Ван во своите емисии посветени на продемократските демонстрации упатуваше повици за донации со кои ќе се поддржат младите лица од Хонг Конг кои пребегаа во Тајван.

Вторпат од 1997 година, кога поранешната британска колонија е вратена на Кина, се применува законот за бунт.

Првиот пат законот од колонијалната ера е применет во септември минатата година против друг радио водител и продемократски активист Там Так-шиј, кој е на условна слобода, а и против него е подигнато обвинение за бунт.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/02/2021 15:33