Осумнаесет прекршоци биле регистрирани во полициска акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол, што била спроведена ноќеска во периодот од 20.00 до 02.00 часот на подрачјето на СВР Велес.

-Од вкупниот број прекршоци, 11 се регистрирани во Велес, два во Кавадарци и пет во Неготино, информира портпаролот Верољуб Додевски.

Тој најави дека против овие лица ќе бидат поднесени соодветни пријави.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/02/2021 15:41