Шест возачи биле откриени дека возат под дејство на алкохол на територијата на општина Гевгелија при рутинска контрола на полицијата која траела од синоќа до раните утрински часови, информираше СВР Струмица.

Во контролата биле откриени уште седум алкохолизирани возачи – по тројца во општините Радовиш и Струмица и еден возач на територијата на општина Валандово.

СВР Струмица информираше дека биле санкционирани и уште 30 возачи за други сообраќајни прекршоци, согласно со Законот за безбедност на сообраќајот и Законот за возила.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/02/2021 16:16