СВР Скопје поднесе кривична пријава против Н.А.(29) и А.А.(22) поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „измама“ и против Р.Е.(55) и Р.Е.(31), сите од Скопје поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „прикривање“.

На 19.01.2021 провпријавениот го довел во заблуда оштетениот Б.Ќ. од Дебар дека сака да го купи неговото патничко моторно возило марка „мерцедес Ц 350“ со американски национални ознаки и се договориле возилото да го остави во двор кај трето и четвртопријавениот каде бил присутен и второпријавениот кој на оштетениот му рекол дека тој ги нема парите кај него, а парите ќе му ги даде првопријавениот кој во моментот бил во Косово.

Оштетениот заедно со двајца пријатели заминале во Косово да ги земат ветените пари, а за тоа време трето и четврто пријавениот му дозволиле на второпријавениот да го земе возилото и да го однесе во непознат правец.

На 21.01.2021 првопријавениот му се јавил на оштетениот дека возилото заедно со клучот е оставено во близина на џамија кај Битпазар.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/02/2021 00:32