„Инфлуенсерката“ Тесика Браун се прослави на интернет откако објави дека, поради недостаток на спреј, „си направила“ фризура со суперлепило, што пак, потоа не можела да го отстрани… И тоа трае веќе еден месец.

Тесика завршила и во амбуланта оти никако не можела да го тргне лепилото од косата, па сега сака и да го тужи производителот на суперлепилото затоа што не напишал дека тоа не се користи за коса. На упатството на суперлепилото се наведува дека тоа е наменето за употреба на дрво, пластика, но не и за коса.

Има и јасно предупредување на производот дека не смее да се нанесе на кожата и очите.

Тесика минала 22 часа в болница. Таму се обиделе да ѝ го отстранат лепилото со ацетон, но тоа ѝ го изгорело скалпот и сега таа е бесна и се подготвува за тужба.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/02/2021 14:30