Наскоро во Конгресот ќе бидат поднесени два нацрт закони за поддршка на слободата на печатот и заштита на новинарите низ целиот свет, јави синоќа Гласот на Америка.

Нацртот Закон за глобална слобода на печатот е резултат на заедничките напори на сенаторите Брајан Шулц и Тод Јанг, двајцата демократи.

Законот предвидува создавање на институт на амбасадори за слобода на говорот и подготовка на соработници во дипломатските служби кои ќе се занимаваат со прашања за поддршка на независноста на медиумите и заштита на странските новинари.

Паралелно со ова, сенаторот демократ, Ејми Клобуша,р и нејзиниот колега од Претставничкиот дом, Адам Шиф, поднесија нацрт-закон за отчетност во областа на слободата на говорот наречен во чест на Џемал Кашоги, убиениот новинар на весникот Вашингтон пост.

Законот е насочен кон повикување на одговорност на лицата кои учествуваат во прогони на новинари.

-Новиот нацрт закон ја потврдува нашата посветеност за слободен печат во земјата и во светот, давајќи му на Стајт департментот надлежности да се занимава со тие прашања преку дипломатијата на светската арена, изјави Шац, кој неодамна стана член на сенатскиот Одбор за надворешна политика.

Борците за слобода на говорот во САД ги поздравија најавите за двата нацрт закони.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/02/2021 20:48