Полицијата во Мјанмар одговори на протестите со зголемено насилство, користејќи водени топови, гумени куршуми и боева муниција во обид да ги задуши демонстрациите по минатонеделниот воен удар.

Една жена е во критична состојба, јавија светските медиуми.

Десетици илјади незадоволни граѓани излегоа на улиците во знак на протест против забраната за митинзи и воениот удар.

Последните денови полицијата користеше претежно водени топови за растерување на демонстрантите, но денеска ситуацијата ескалира. Полициските сили претежно пукаа во воздух, користејќи гумени куршуми и боева муниција.

Четири лица се пренесени во болница во главниот град Наипидо. Според лекарите, тие биле ранети со гумени куршуми. Една жена била погодена во главата и според лекар од локална болница – таа веројатно нема да преживее, бидејќи била застрелана со боева муниција.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/02/2021 20:57