Претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел и препорача на Унгарија да го реформира законодавството во областа на јавните набавки поради спречување на системската измама. Тоа треба да се случи пред да бидат обезбедени милијарди евра од фондот на ЕУ за закрепнување од пандемијата, се наведува во внатрешен документ во кој имале увид западни медиуми.

Европската комисија има мандат да управува со фонд од 750 милијарди евра и веќе им соопшти на неколку земји на ЕУ дека треба да се подобрат нивните предлози за трошење на наменетите пари.

Унијата се залага за измени во унгарското законодавство во областа на јавните набавки, се додава во документот на ЕК од 26 јануари, кој содржи конкретни законски измени кои треба да ги преземе Владата на премиерот Виктор Орбан.

– Конкуренцијата при јавните набавки е практично недоволна, пишува во документот, додавајќи дека тоа се должи на „системските неправилности“ кои „доведоа во 2019 година до најголемите финансиски корекции во историјата на структурните фондови на ЕУ“.

Во септември минатата година Орбан ги оспори констатациите на службата на ЕУ за борба против измами и рече дека не го прифаќа тврдењето оти Унгарија е покорумпирана од Австрија, Германија или Данска.

Во документот на ЕК се наведени правните измени потребни за воведување поголема транспарентност, реална конкуренција меѓу понудувачите и отчетност на унгарските јавни набавки, со цел да се избегнат измами и потреба за враќање на неправилно потрошената помош.

Во него се посочува дека Унгарија има една од највисоките ставки на наддавање во ЕУ, што доведува до системски покачувања. Покрај тоа, унгарските закони за судир на интереси дозволуваат употреба на разни „дупки“.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/02/2021 20:58