Белгија месецов ќе искористи 443.000 дози вакцини на АстраЗенека против коронавирусот за вакцинирање на лица помлади од 55 години.

Ова ќе се направи поради недостиг на податоци за ефикасноста на вакцината кај постарите лица.

За време на вакцинацијата, приоритет ќе имаат здравствените работници и луѓето во домовите за стари лица, како и хронично болните и полициските службеници ангажирани на терен.

Луѓето постари од 55 години сепак ќе можат да прима уште две вакцини чија употреба е одобрена во Европската унија – на компаниите Фајзер/Бионтек и Модерна.

Бројот на нови случаи во Белгија е помеѓу 2.000 и 2.500 на ден, но бројот на смртни случаи е намален.

Досега повеќе од 336.000 Белгијци примија прва доза на вакцина против Ковид-19.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/02/2021 21:10