Туристичките работници реагираат затоа што не се дел од првата фаза на вакцинација, што ја презентираше министерот Венко Филипче. Сметаат дека нема да имаат турусти ако не бидат и тие покриени со вакцини.

-Ние само даваме еден апел за нештото да биде успешно,ова мора да се спроведе. Мора да се спроведе, бидејќи ако не биде спроведено нема да имаме една безбедна дестинација, гостинот нема да ја осеќа таа безбедност кога ќе треба да допарува или кога ќе треба да се одлучи дали да патува во Македонија, вели за Алфа Крсте Блажески, претседател на ХОТАМ.

Од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, според владината логика се тешат оти вакцинацијата не одела лесно нити во европските земји. Има неколку земји каде може да се оди без ПЦР тест, но тоа нема да ја надокнади штетата врз туризмот.

-Но рестрикциите од страна на ЕУ и одредените уште позатегнати протоколи кога се патувањата во прашање, барем во првиот квартал за 2021-ва година, не даваат оптимистички резултати. Очигледено дека вакцината е релативизирање на состојбата, вели Љупчо Јаневски, директор на Агенција за промоција и поддршка на туризам.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/02/2021 00:28