Американскиот претседател Џо Бајден нема да го следи судењето на Доналд Трамп, бидејќи сака да се фокусира на својата работа и борбата против коронавирусот, јави Си-Ен-Ен.

Бајден истакна дека мора да се фокусира на коронавирусот, одбивајќи да го коментира текот на вчерашниот почеток на судењето на Доналд Трамп во американскиот Сенат.

-Веќе реков, имам работа. Веќе изгубивме над 450.000 луѓе од коронавирус и ќе изгубиме многу повеќе доколку не дејствуваме брзо и решително. Многу деца легнуваат гладни, многу семејства не се осигурани кога станува збор за храната. Тоа е мојата работа , рече Бајден.

Судењето на Трамп, како и неговиот епилог, спаѓаат во надлежност на Сенатот, а Бајден верува дека тоа ќе се спроведе во согласност со демократските закони.

-Сенатот си има своја работа и го прави тоа токму сега. Сигурен сум дека ќе направи добро. Тоа е се што треба да кажам за импичментот, рече Бајден.

Портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки, преходниот ден на новинарите им изјави дека Бајден „нема да мине многу време во гледање на постапката на импичмент“.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/02/2021 10:16