Ирска веројатно меѓу април и јуни постепено ќе излезе од строгиот „локдаун“, изјави ирскиот вицепремиер Лео Варадкар.

Британските медиуми пренесуваат дека Варадкар очекува домашниот туризам и угостителство да можат слободно да работат во текот на летото.

-Мислам дека во вториот квартал од годината, во април, мај и јуни, ќе имаме бавно и постепено, внимателно отворање, рече Варадкар.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/02/2021 13:38