Британската разузнавачка служба „МИ6“ почна да регрутира британски државјани родени надвор од нејзината територија. На овој начин, оваа безбедносна служба ќе се обдие да обезбеди разновидност, пренесува „Тајмс“, повикувајќи се на извор од владата.

Според сегашните правила за вработување, разузнавачки службеници можат да бидат само граѓани родени во Велика Британија.

Ваквата кадровска политика ќе ја зголеми ефикасноста во работата на „МИ6“ и ќе привлече вработени „со различни видови размислување“, а не само луѓе кои размислуваат слично, тврди „Тајмс“.

Изворот од „МИ6“ наведува дека со соработниците со различни биографии, службата може да стане поефикасна во областа на разузнавањето.

Весникот, исто така, известува дека, во зависност од позицијата за која аплицира потенцијалниот разузнавач, можеби ќе мора да се откаже од второто државјанство.

Овој чекор е продолжение на политиката на поранешниот шеф на службата Алекс Јангар за проширување на персоналот. Во 2018 година тој го укина правилото дека само Британци чии двајца родители се поданици на кралицата можат да станат разузнавачи. Ова барање им ја одзеде можноста на децата на британските мигранти да работат во специјални служби.

Покрај тоа, спуштена е и старосната граница од 21 до 18 години за „МИ6“ да се направи во првите редови на глобалниот технолошки натпревар.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/02/2021 15:21