Претседателот на САД, Џо Бајден би можел да има увид во најмалку 10 разговорите што ги водеше неговиот претходник Доналд Трамп со рускиот претседател Владимир Путин во изминатите четири години, објави Политико.

Трамп не објаваше детали за што разговараше со Путин.

– Разбирањето на тоа што меѓусебно разговарале може да помогне во расветлувањето на тоа дали Трамп некогаш открил чувствителни информации или склучил некакви договори со рускиот лидер, што би можеле да ја изненадат новата американска администрација, наведува Политико.

Додека поранешен член на администрацијата на Трамп изјави дека на Бајден „не му е потребна нивна дозвола за да има увид во снимките од разговорите“.

Политико посочува дека Трамп бил посебно внимателен за време на разговорите со странските лидери за да избегне „истекување на информации“.

– Иако телефонските разговори не се снимани, помошниците на Трамп обично ги слушале разговорите и правеле белешки, наведува Политико.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/02/2021 15:37