Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека единствено решение за повеќедеценискиот спор за Кипар е воспоставување на две држави на островот.

Тој додаде дека федерализацијата за која се залага Атина нема да биде тема на престојните разговори со посредство на Обединети нации.

Лидерите на Грција и на Кипар во понеделникот изјавија дека ќе прифатат мировен договор за Кипар врз основа на резолуција на Обединети нации и ја отфрлија формулата за две држави на која инсистираат Турција и кипарските Турци.

Преговорите под покровителство на ОН се планирани во март.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/02/2021 15:56