Во текот на вчерашниот ден Секторот за сообраќајни работи спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на управување на возило со брзина поголема од пропишаната на автопатот Велес – Скопје, при што санкционирани се 65 прекршоци. Од нив, 14 возила се движеле со брзина поголема од 50 километри на час.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.