Жител на село Волково вчера бил уапсен за разбојништво во пекарница во Тафталиџе.
Како што соопшти МВР, полициски службеници од Полициската станица Карпош го лишиле од слобода Д.К.(50) од село Волково, Скопско, затоа што на 7 февруари оваа година извршил разбојништво во пекарница на улица „Московска“ во Скопје.
Тој бил приведен во полициска станица, а по судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом. Според полицијата, по целосно документирање на случајот, против Д.К. ќе биде поднесена соодветна пријава.