Во изминатите три месеци екипите на ЈП „Градски паркинг“ санкционирале и подигнале вкупно 172 возила на територија на Чаир и Бит-пазар.
Како што информираат од Град Скопје прекршоците се по основ на сспроведуваат акци во сите скопски општини за санкционирање на возачите кои непрописно ги паркирале своите возил на јавните површини паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци.
-Градот Скопје во континуитет спроведува акции во сите скопски општини за санкционирање на сите несовесни возачи кои непрописно ги паркираат нивните возила. Во рамките на овие активности денеска се спроведува голема акција за санкционирање и отстранување на овие возила со специјалните возила пајак на територијата на општина Чаир, информираат од Град Скопје.
Во соопштението се испраќа апел до граѓаните своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.