Продажбата на пиво во пабовите во Велика Британија минатата година опаднала на најниско ниво по 1920 година. А тоа е така, пред се, поради строгите мерки и ограничувања воведени од Владата за спречување на ширењето на коронавирусот.

Вкупната продажба на пиво има пад од 56 отсто во 2020 година, на 6,1 милијарда фунти, што е за 7,8 милијарди фунти помалку од 2019 година, според истражување објавено од Здружението на британски пивници и сопствениците на пабови. Во него се наведува дека ова е најниската продажба на пиво последниве 100 години.

Овие податоци се објавени во време кога британскиот министер за финансии, Ричи Сунак се соочува со зголемен притисок да преземе мерки и да спречи бран затворање на компании во угостителскиот сектор. Се смета дека тоа е од витално значење за закрепнување на британското стопанство откако ќе бидат тргнати ограничувачките корона-мерки.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/02/2021 00:30