Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (10.02.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијатата на населба Ченто изречени се вкупно 103 мерки, од кои 28 за возење без возачка дозвола, 8 мерки за непочитување на брзината на движење, 5 за нерегистрирани возила, 5 санкции за возење под дејство на алкохол и 7 за користење на мобилен телефон.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/02/2021 11:39