Продажните цени на производителите на индустриски производи во декември 2020 година биле повисоки за 0,8 отсто на месечно ниво и за 3,1 процент на годишно ниво, соопшти Државниот завод за статистика.

Во декември 2020, во споредба со ноември 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1,3 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија за 0,7 проценти.

Во декември 2020, во споредба со декември 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 10 отсто, во секторот Преработувачка индустрија за 2,3 и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 7,2 процента.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/02/2021 14:26