Полициски службеници на територијата на Oпштина Гевгелија вчера спровеле акциска контрола во која за четири часа санкционирале вкупно 28 возачи.

Во полициското соопштение се наведува дека контролата првично била насочена кон откривање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената при што биле регистрирани 17 прекршители кои биле и соодветно санкционирани.

Во акциската контрола биле откриени уште и 11 други сообраќајни прекршоци кои исто така биле соодветно санкционирани од страна на дежурните сообраќајни полициски патроли.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/02/2021 15:05