На 11.02.2020 во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода В.З.(20) од Скопје, поради сомнение дека на 16.11.2020 извршил „тешка кражба во обид“ во склад на бул. „Борис Трајковски“. Тој бил приведен во Полициската станица Кисела Вода и во разговор со полициски службеници го признал делото. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 11.02.2021 во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Е.У.(34) и Р.У.(47), двајцата од Скопје, поради сомнение дека извршиле „кражба“ во куќа на ул.„1439“ во Скопје. Тие биле приведени во Полициската станица Кисела Вода и во разговор со полициски службеници го признале делото. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/02/2021 14:26