На 11.02.2020 во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода И.Џ.(27), Ј.А.(35) и Џ.П.(40), сите од Скопје, затоа што на 10.02.2021 извршиле „тешка кражба“ на градилиште на ул.„Јордан Мијалков“ во Скопје.
По преземени мерки, одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот.
Лицата биле приведени во Полициската станица Бит Пазар и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.