Во текот на вчерашниот ден (12.02.) Секторот за внатрешни работи Тетово спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на прекршоци кои ги чинат возачите при престигнување, при што преземени се 36 мерки, од кои 11 на тетовското и 25 на поширокото гостиварско подрачје.

На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и ќе се соочат со законски предвидените глоби.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/02/2021 12:45