Во текот на вчерашниот ден Мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената на автопатот Гевгелија - Куманово, при што санкционирани се 79 прекршоци.

Од нив, 13 возила се движеле со брзина поголема од 50 километри на час. При контролата се констатирани и санкционирани и 25 останати прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/02/2021 13:51