Тетовската полиција денеска го нашла и привела 37 годишниот Л.К од Мала Речица кој се барал со потерница за да доиздржи казната затвор за убиство. Тој бил најден во Тетово.

-Денеска околу 13:10 часот, на улица „170″ во тетовска Мала Речица, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 37-годишниот Л.К.oд Мала Речица, кој со потерница од Казнено поправна установа „Идризово“се барал за доиздржување на затворска казна од две и пол години за сторено кривично дело „убиство“. Приведениот Л.К.ќе биде спроведен во Казнено-поправната установа „Идризово“ во Скопје на доиздржување на казната, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Осуденикот успеал да избега од затворот по што била распишана потерница за негово наоѓање. а



Автор: Администратор
Објавено на: 13/02/2021 16:40