Таква сообраќајка се бележи на регионалниот пат Тетово-Јажинце кај Порој околу 18 часот.
-Во судир на две патнички возила повредени се четири лица, кои се пренесени во тетовската Клиничка болница. По укажување на лекарска помош сите се пуштени на домашно лекување. Поради снегот има и неколку излетувања на автопатите кон Скопје и Гостивар, како и низ тетовските улици, но без поголеми последици, информира Марјан Јосифоски, портарол на СВР Тетово.
Поради долготрајните врнежи од снег, од СВР Тетово апелираат за поголема внимателност поради зголемен ризик за случување сообраќајни несреќи. Воедно задолжително да поседуваат и користат зимска опрема и да ја приспособат брзината според условите на патиштата особено ако се патува до зимските центри како Попова Шапка и Маврово.