На 13.02.2021 во СВР Куманово било пријавено дека во угостителски објект на ул."Ѓорче Петров" во Куманово не се почитувале здравствените прописи за време на епидемија.Полициски службеници од СВР Куманово извршиле контрола и било констатирано дека објектот работи по дозволеното време,а во објектот биле затекнати 9 гости, сопственикот А.Т.(43) и еден вработен.

По целосно документирање на случајот против сопственикот ќе биде поднесена соодветна пријава, а од страна на Државниот пазарен инспектират објектот е затворен.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/02/2021 00:15