Скопското Основно јавно обвинителство поднесе обвинение против едно лице кое извршило кражба на автомобил.

Од Обвинителството информираат дека тој на 9-ти овој месец украл возило марка БМВ 330Д, паркиран на улицата „Езерци“, вреден 210.000 денари. Откако се уверил дека нема никој во близина, влегол преку незаклучената врата на автомобилот и го стартувал со клучот кој бил во возилото, по што го напуштил местото.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор, поради реална опасност дека обвинетиот би можел да избега.​



Автор: Администратор
Објавено на: 15/02/2021 14:26