Тренерот на Пари Сен-Жермен, Маурисио Покетино, најави дека францускиот првак, и покрај проблемите со повредени играчи, ќе оди на победа на утрешното гостување против Барселона во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампиони.

-Ни претстои натпревар против многу добар тим каков што е Барселона. Нашиот менталитет е да бараме победа на секој натпревар, дури и на гостински терен против Барса. Ќе ни недостасуваат важни играчи, но ние не бараме оправдување. Ќе се обидеме да победиме дури и без Нејмар, рече Покетино.

Бразилскиот напаѓач Нејмар поради повреда нема да биде во составот на францускиот првак за првиот меч на „Камп Ноу“, но би можел да се врати во тимот за реванш натпреварот на „Паркот на принцовите“ во Париз на 10 март.

Покрај Нејмар, францускиот првак утре ќе биде и без аргентинскиот играч за врска Анхел Ди Марија поради повреда.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/02/2021 22:31