На 14.02.2021 во 21.10 во Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода А.Ц. од Скопје, затоа што физички ја нападнал неговата мајка, а се обидел и со остар предмет да нападне полициски службеници кои вршеле службени дејствија.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/02/2021 01:47