Две лица ограбиле обложувалница во Куманово, заканувајќи и се на вработената.

Случајот вчера е пријавен во СВР Куманово, а грабежот се случил во неделата околу 20:50 часот во обложувалница на булеварот Трета македонска ударна бригада“.

– На 15.02.2021 во СВР Куманово било пријавено дека на 14.02.2021 околу 20:50 часот во обложувалница на булеварот Трета македонска ударна бригада во Куманово, две лица со закана кон вработената одзеле пари од дневниот промет, соопшти денеска СВР Куманово.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчиствување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/02/2021 15:51