Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека денеска во периодот од 10.30 до 12 часот е извршен претрес во куќата и помошните простории на И.А. во село Стојаково, по претходно издадена наредба од Основен суд Гевгелија.

– При претресот пронајдени се пари кои потекнуваат од кривично дело „разбојништво“ во казино од 28.01.2021, како и други предмети поврзани со кривичното дело. При претресот се пронајдени и растенија канабис. И.А. е лишен од слобода и задржан во ОВР Гевгелија, а по документирање на случајот ќе следува кривична пријава, инфомираа од МВР.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/02/2021 21:36