СВР Скопје – Единица за внатрешни работи Гази Баба поднесе кривична пријава против А.И.(24) од Свети Николе, поради основано сомнение дека извршил две кривични дела, и тоа „тешка кражба на дрзок начин“, предвидено и казниво согласно чл.236 ст.3 и „тешка кражба во обид“, предвидено и казниво согласно чл.236 вв чл.19 од Кривичниот законик, при што се стекнал со противправна имотна корист и предизвикал материјална штета.

А.И. кривичните дела ги извршил на 11.02.2021 во временскиот период од 21.25 до 21.40 часот на ул.„Трифун Хаџи Јанев“, така што одзел чанта со пари и лични предмети од оштетено женско лице, а на ул.„Архимедова“ , со употреба на физичка сила влегол во амфитетарот на Факултетот за земјоделски науки и храна, каде извршил пребарување, но не одзел предмети.

Од страна на полициски службеници од Полициска станица Гази Баба на 11.02.2021 во 22.00 часот А.И. е лишен од слобода и задржан во просториите на полициската станица каде го појаснил извршувањето на кривичните дела, а предметите пронајдени кај него се вратени на оштетената



Автор: Администратор
Објавено на: 17/02/2021 01:24