СВР Скопје-Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против А.С.(23) од Скопје, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „затајување”, предвидено и казниво по чл.239 од Кривичниот законик.

Пријавениот А.С., како вработено лице во правно лице за приредување игри на среќа, на работна позиција „оператор” , во текот на октомври 2020 во повеќе наврати затаил парични средства кои му биле доверени во врска со неговата работа, на начин што задржал за себе тикети и за истите не извршил уплата на парични средства во касата во износ од 95.000 денари, со што за таа сума го оштетил правното лице во кое што бил вработен.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/02/2021 01:25