Организацијата на работодавачи предупреди дека согласно одлуката за неработен ден недела, работодавачите ќе треба да исплаќаат празнични дневници за работниците.
Ова прашање мора да стане реалност кај нас, за работниците да видат бел ден. Газдите мора да исплаќаат празнични дневници, во спротивно ќе се соочат со глоби и санкции, вели за Алфа Миле Бошков, претседател на организацијата на работодавачи на Македонија.
Тој нагласи и дека тие се во очекување на новиот сет мерки за помош на претпријатијата, кои биле договарани на последната средба со власта.
На оваа најнова средба се зборуваше за новиот сет на мерки кои се во завршна фаза, и тука секако дека ќе влезат и субвенциите за исплата на плати за работниците. Деталите кои уште се во фаза на утврдување, ќе се дознаат деновиве, а фирмите ќе може да земат кредит кој доколку работењето на таа фирма се покаже како успешно може да стане и неповратен кредит. Останува да видиме, и чекаме, вели Бошков.