Основното јавно обвинителство во Скопје поднесе обвинение до Кривичниот суд Скопје против едно лице за продолжено кривично дело „тешка кражба“.
Од ОЈО денеска информираа дека на 11-ти овој месец, 24-годишниот жител на Свети Николе извршил две временски поврзани дејствија кои претставуваат повеќекратно остварување на истото кривично дело.
На улицата „Трифун Хаџи Јанев“ во населбата Автокоманда ограбил жена на која ѝ пришол од зад грб и ѝ ја одзел чантата во која имало паричник и други предмети со вкупна вредност од 4.500 денари. Потоа, се упатил кон Факултетот за земјоделски науки и храна каде ја разбил надворешна врата на амфитеатарот и пребарувајќи скршил уште четири врати од други простории, но чуварот го затекнал и го спречил во намерата. Откако бил приведен, кај него е пронајдена украдената чанта.
Од страна на јавниот обвинител е доставен предлог за продолжување на притворската мерка.