Македонското кредитно биро речиси 13 години нуди можност на физичките и правни лица брз и точен увид за статусот на долговите и подмирувањето на истите, безбедно деловно опкружување и сигурно чекорење низ процесот на деловното одлучување.
Во соопштението до медиумите, наведуваат дека услугите на МКБ можат да ги користат сите физички и правни лица кои сакаат да имаат личен увид во сопствената задолженост.
-На тој начин, преку превентивно информирање би можеле да ги избегнете дополнителните трошоци и време. МКБ управува со единствениот систем во Македонија кој врши собирање, обработување и размена на податоци за обврските на правните и физичките лица, со цел да дава информации за задолженоста и редовноста во измирувањето на обврските. МКБ располага со најголемата база на податоци која се ажурира на дневна основа и нуди единствени можности за заштита од ризично работење, преку успешно управување и преземање ризици што може да се контролираат. Кога мислам на точна и навремена информација, мислам на МКБ, наведуваат од МКБ во соопштението.