СВР-Битола санкционирала несовесни возачи кои низ сообраќајниците во градот возат без возачка дозвола или со нерегистрирано возило.

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Битола биле спроведени засилени контролни активности на патниот сообраќај, при што биле откриени и санкционирани тројца возачи кои не поседувале возачка дозвола, три возила со истечена регистрација, 17 непрописно паркирани возила и 12 возачи кои зборувале на мобилен телефон додека возеле.

За време на вчерашната сообраќајна контрола во Битола затекнати се и тројца возачи кои не користеле сигурносен појас, а брзината над дозволеното движење во сообраќајот ја пречекориле шест возачи. Двајца возачи извршиле неправилно престигнување на друго возило.

– За сите неправилности изречени се соодветни санкции, информираа од СВР-Битола.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/02/2021 12:40