Во селото Куклиш утрово во 06:30 часот изгоре камионска приколка полна со картонска амбалажа.
Според командирот на Територијалната против пожарна единица на Струмица, Александар Гудев, пожарникарите не дозволиле огнот да го зафати целосно камионот. Изгорела приколката, која била полна со картонска амбалажа и е причинета значителна материјална штета.
Во гаснењето на пожарот учествувале три противпожарни возила и девет пожарникари.
Се испитуваат причините за настанување на пожарот.