Двајца беровчани по претходна вербална расправија несогласувањата ги решавале со физичак пресметка. Во пресметката интервенирала беровската полиција која подготвува соодветни поднесоци до учесниците во пресметката.

-Случајот е регистриран на улица „23 Август” во Берово во понеделникот, 15 февруари во 9 часот наутро. Во физичката пресметка учествувале лицата Ф.Ј (40) и М.Д (52) и двајцата од Берово. На физичката пресметка и претходела вербална расправија, се вели во соопштението од беровската полиција..

Оттаму додаваат дека по пријавувањето на немилиот настан и целосно документарање на случајот, против Ф.Ј и М.Н ќе биде поднесен соодветен поднесок. Ова е втор случај на физичка пресметка за неполн месец во Берово. Пред десетина дена во беровското Русиново обид за пресметка имаше и помеѓу 4 лица од Делчево и Русиново



Автор: Администратор
Објавено на: 17/02/2021 13:46