Најдобриот стрелец во историјата на лондонски Арсенал, Тјери Анри, е пред враќање во Англија како тренер на екипата на Бурнмаут, објави вечерва ексклузивно „Мирор“,

Според британскиот весник, раководството на Бурнмаут доставило предлог до рускиот сопственик на тимот Максим Демин за назначување на 43-годишниот Анри како наследник на Џејсон Тиндал, кој пред две недели доби отказ.

Меѓу кандидатите за нов тренер на Бурнмаут е и поранешниот стратег на Хадерсфилд, Давид Вагнер, но „клупското раководство е голем навивач на Анри и во него гледа идеално решение за испразнетото тренерско место“, објави лондонскиот весник.

Анри, кој во моментов е тренер на екипата на Монтреал, настапуваше за Арсенал од 1999 до 2007 година, испишувајќи историја во клубот од северен Лондон како најдобар стрелец на сите времиња со 228 голови во сите натпреварувања во дресот на „топчиите“.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/02/2021 22:20