Тренерот на Јувентус, Андреа Пирло, ги кажа своите впечатоци по првиот натпревар со Порто во осминафиналето во Лигата на шампионите против Порто. Португалскиот тим синоќа победи со 2:1.

– Кога ќе примите го во првите минути, станува многу тешко, особено кога играте против тим како Порто, кој се брани со две компактни линии и малку дозволува да го загрозите. Ние им допуштивме да играат како што посакуваа. Моравме да играме со топката подобро и побрзо. Порто беше одличен во покривањето на слободните зони во центарот на теренот и требаше подобро да ги искористиме крилните позиции, но со бавно играње со топка, ова не е лесно. Се надевам дека во реваншот ќе бидеме поуспешни, изјави Пирло.

Возвратниот натпревар е закажан за 9 март на теренот на Јувентус.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/02/2021 11:05