Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (17.02.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 275 мерки, меѓу кои за непочитување на брзина на движење 67, 16 за возење без возачка дозвола, 11 санкции за возење под дејство на алкохол, девет за технички неисправни и нерегистрирани возила, 13 мерки за користење на мобилен телефон.

Изречени се пет санкции за минување на затворен семафор (црвено светло), седум санкции за некористење сигурносен појас и 56 мерки за непрописно паркирање.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/02/2021 11:47