Двајца жители на Дебар се лишени од слобода откако при претрес во нивниот дом полцските службениц пронашле и одзеле две најлоски ќеси со марихуна.

-Вчера полициски службеници од Полициската станица Дебар ги лишиле од слобода А.Р.(33) и Д.Р.(25), двајцата од Дебар. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба и при нивен личен преглед, кај Д.Р. била пронајдена марихуана, информираа од Минстертвото за внатрешни работи.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Неодамна против Б.К.(28) од Дебар беше поднесена кривична пријава откако кај него полициските службеници пронашле наркотични средства, хероин и марихуана.

Тој ќе одговара за казнено дело „неовластено производство и пуштење во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекусори.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/02/2021 22:36